За нас
extrem е за вистинските љубители на природата. Нудиме облека, обувки и опрема за outdoor, спортски и слободни активности од секојдневни прошетки и возење велосипед до кампување, планинарење и посериозни активности во планински услови.
Веруваме дека добриот производ не се мери според името, туку според она што го добивате за вашите пари. Затоа внимателно ги избираме производите што ги нудиме, со фокус на квалитетот, функционалноста, удобноста и издржливоста.
За нас, искуството не завршува со купувањето. Искуството на клиентот ни е подеднакво важно како и самиот производ. Се стремиме кон коректна услуга, искрен пристап и производи на кои можете да им верувате.
Излезете надвор. Истражувајте. Бидете активни.